Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 161.883 статии на македонски јазик и 346 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на огнот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 1 јуни 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1880  Во САД е поставена прва јавна телефонска говорница во светот, во зградата на. банката „Јејл“ во Њу Хевен.
1941  Втора светска војна: Германците го освоија Крит и заробија 13.000 британски војници со што обезбедија важна база за операции на Блискиот Исток и во Северна Африка.
1953  Во Женева е основана Европската организација за јадрени истражувања.
1992  Во Скопје е поставен камен-темелникот на Домот-музеј на народната музика, објект што на Македонија и го подарија македонските естрадни уметници Есма и Стево Теодосиевски. Свечено е пуштен во употреба во мај 1996 година.
1994  Армандо Калдерон Сол стана прв претседател на Ел Салвадор по завршувањето на граѓанската војна која повеќе децении траела во оваа држава.
1994  ЈАР по 33 години се врати во Британскиот комонвелт.
1994  Во Скопје е поставен камен - темелник на Институтот за применета кинезиологија и рехабилитација.
1998  Соња Николовска, сопственик на пирамидалната штедилница „ТАТ” е осудена на казна затвор од 8 години.
2005  Жан-Пол Пруст станува Државен министер (шеф на владата) на Монако.
2008  На вонредните парламентарни избори во Република Македонија победи ВМРО ДПМНЕ освојувајќи повеќе од половината од пратеничките места. Изборите беа проследени со насилства и употреба на огнено оружје, при што едно лице го загуби животот, а повеќемина беа ранети.


Родени:

1804  Михаил Иванович Глинка — руски композитор.
1815  Отон I — крал на Грција.
1907  Јан Паточка — чешки филозоф.
1926  Норма Џин (Мерилин Монро) — американска глумица.
1936  Беким Фехмиу — југословенски глумец.
1937  Морган Фримен — американски глумец.
1943  Драган Јаневски — македонски поет.
1946  Славе Димитров — македонски композитор, пејач и аранжер.
1947  Рони Вуд — англиски рок-музичар, член на групата „Ролинг Стоунс“.
1955  Душан Савиќ — српски и југословенски фудбалер.
1960  Владимир Крутов — руски и советски хокеар.
1973  Хајди Клум — германска манекенка.
1974  Аланис Морисет — канадско-американска пејачка.
1978  Александар Шапиќ — српски ватерполист и политичар.
1985  Тирунеш Дибаба — етиопска атлетичарка.
1988  Домагој Дувњак — хрватски ракометар.
1990  Марино Мариќ —хрватски ракометар.

Починале:

193  Дидиј Јулијанримски цар.
1846  Григориј XVIримски папа.
1946  Јон Антонескупремиер на Романија.
1948  Сони Бој Вилијамсон I — американски блуз-музичар.
1952  Џон Деви — американски филозоф.
1953  Алекс Џејмс — шкотски фудбалер.
1968  Хелен Келер — американска активистка и писателка.
1974  Хуан Перон — аргентински политичар и државник.
1984  Кирил Симоновски - Џина — македонски и југословенски фудбалер.
2003  Панче Васоски — македонски глумец.
2008  Ив Сен Лоран — француски моден творец.
2010  Андреј Вознесенски — руски поет и писател.
2018  Синан Сакиќ — српски и југословенски фолк-пејач.
Издвоен цитат

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот

Поглед на Фиренца од Пјацале Микеланџело.
Дали сте знаеле...


Сатуа на божицата Хигија
Сатуа на божицата Хигија


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 161.883 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич